Петар Печков
Објавено: среда, 18 јули 2018
Утрово во 9 часот требаше да се објави пресудата за Гркот кој беше обвинет дека пренесувал 309 кг марихуана. Но во терминот кој судијата Габриела Гајдова на судењето во понеделникот го најави, неа ја немаше.
Во две минути до 9 таа замина до судската зграда и не ја објави пресудата. Попусто обвинителката која го застапуваше предметот во холот праша каде ќе биде објавата, адвокат кој како јавност беше исто така дојден да ја слушне, како и новинарот на ТРМР но објава на пресуда немаше.
За овој настан беше известен и претседателот на судот Александар Шопов и усно и писмено. Поплака за работата на судијката Гајдова за изрекувањето на пресудата е доставена и до Судскиот совет на Република Македонија, бидејќи ова не и прв случај на закажана објава таа да не се појави.
Tweet |