Петар Печков
Објавено: недела, 21 јуни 2020
МВР информираше за настан кој се случил утрово, кога бил пронајден мртов овчар близу селото Војница. На телото немало траги на насилство.
На 21-ви јуни околу 06,45 часот во СВР Велес, С.Т. од село Војница како сопственик на трло, пријавил дека на место викано,,Клетовник’’ во атар на село Војница го пронашол без знаци на живот Љ.П.(64) од село Забрчани, Општина Долнени-прилепско, кој работел кај него како овчар. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги од насилство- пишува во информацијата на МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина-Скопје.
Tweet |