Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2015
Утрово околу 4 часот во близина на Железен мост, на влезот во Велес, бил опожарен автомобил марка ,,ауди,, инфоримираа од МВР.Автомобилот е сопственост на Ердинч Мемедалиев, помошник на командирот на Полициска станица Велес.
Според полицијата огнот го зафатил задниот дел на автомобилот ,,ауди,, со велешки регистарски ознаки, кој бил паркиран на улциата Димитар Влахов. Пожарот го локализирала екипа на противпожарната единица. Сопственикот Мемедалиев, потврди дека автомобилот кој беше опожарен е негова сопственост, но не сакаше да зборува за настанот. Само кратко изјави дека досега немал закани, се немал замерено со никого во градот и не очекувал дека вакво нешто може да му се случи.
Од СВР Велес велат дека преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување на возилото и целосно расчистување на настанот. Лани на територијата на град Велес полицијата регистрирала пет опожарувања на автомобили, од кои три беа на судии.
Tweet |