речник контакт

Утрово се изврши второто авионско прскање против комарци, Општина Велес заедно со општина Чашка

Со третирањето во Општина Велес е опфатена површина од 2000 хектари

Петар Печков

„Ве информираме дека во раните утрински часови е извршена аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари.  Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Обезбедени се буџетски средства за уште едно авионско прскања“ -соопштија од локалната валст, по дилемите дали утрово се изврши второто авионско прскање против комарци. Годинава е реализирано заедно со Општина Чашка, како и првото. Тоа се препораки од здравстените служби, поради можност комарците да ја напуштат територијата на една општина и заминат на друга локација.

Претходно во неделата вечер  надлежните од Општина Велес, соопштија дека;

„Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 17:30 часот во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за аеросолна дезинсекција. По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот „Бониер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, третманот  се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција. одобрено од министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 03-162/1 од 15.04.2021 година“-  пишува во објавата на Општина Велес.

За средството со кое се прска, изборот е за него оти ниуска токсичност за луѓето и цицачите.

„AQUA K-OTHRINE 2 EW e концентриран инсектицид кој е соодветен и за  примена со УЛВ метода против возрасни комарци. За цицачите е сигурен, не е канцероген со висок степен на биоразградливост. AQUA K-OTHRINE 2 EW e биоцид наменет за сузбивање на штетните инсекти во Јавното здравство, вклучувајќи ги векторските преносители на болести, адултните форми комарци во населени места и јавни површини, крајбрежје на реки, езера и бари. Може да се применува од воздух или од земја во количина од 0,5-1,0 грам/ха.  Deltamethrin-от спаѓа во групата на синтетските пиретроиди кои се постабилни од природниот пиретроин и имаат подобрено дејство, како што е истерување на инсектите од скривалиштата и побрзо упиштување. Избор се поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите“ – информираа од локалната власт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »