Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јуни 2016
Од 11-ти јуни, сабота започнува со работа Базен Снупи. Летната разонода за велешани и гостите ќе трае се до крајот на летото и првите денови на септември. Работното време е од 9 до 20 часот.
Од базен Снупи најавуваат и бројни гостувања на познати естрадни ѕвезди, како од Македонија, така и од соседството, што гарантира добра вечерна забава.
Во зависност од временските услови ќе има и ноќно капење. Цената на билет за влез е 60 денари. Сезонската е 500 денари, за две лива е 900 а за три 1.200.
Сезонските можат да се набават во ресторан Сунпи, спроти ОУ Блаже Конески. Летото дојде..
Tweet |