Петар Печков
Објавено: сабота, 24 март 2012
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава према лицето Н.Д. (15) од Чашка, поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“ .
Н.Д. кој е ученик во ОУ Тодор Јанев во Чашка, на 28 февруари годинава околу 19,30ч. се упатил кон интернатот кој е во склоп на училиштето и откако се приближил до прозорец од училница-занимална на интернатот, без никаков повод и причина го попрскал прозорецот со бензин кој го носел во пластично шише и со запалка го запалил бензинот. При ова се појавил пламен кој почнал да се шири на дрвениот дел од рамката на прозорецот. Ученици од интернатот кои во моментот биле во занималната, веднаш ги известиле воспитачката и чуварот од интернатот, по што пожарот е изгаснат.
Tweet |