Петар Печков
Објавено: среда, 06 март 2019
Михаил Трајков ученик во втора година во Хемиското училиште ,,Димитрие Чупоски,, ќе учестува на светската Олимпијада по хемија ,,Менделев,, во Санкт Петерсбург. Таа ќе се одpжи при крајот на април, 21-28 а од Македонија ќе учестуваат четовирца учленици. Михаил посетува настава од струка хемиско-технолошки техничар
Материјалот за натпреварот е за факултетско ниво, над материјалот за средно образование. Подготовките во најголем дел се одржуваа на Институтот за хемија од страна на професори таму вработени - вели Михаил. Постојат две светски Олимпијади, Менделев во Санкт Петерсбург - Русија и Меѓународна Хемиска Олипијада која летово ќе се одржи во Париз Франција а сеуште не е започнат селекциониот систем на натпревари, започнува во мај.
Трајков стигна до Санкт Петерсбург по систем на натпреври кои започнаа лани во органазиција на Сојуз на хемичари на Република Македонија - општински, регионални и државен каде бил трет. На Олимпијадата Менделев стигна преку квалификации во кои учествуваа по 10 ученика во прва, втора и трета категорија. Сите тие присуствувале на подготовки, од нив 30, избрани се 10 најдобри и од нив првите четворица најдобропласирани одат во Санкт Петерсбург .
Материјалот е доста тежок, над материјал за средно, факултетски е. Подготовките беа во Инситутот за хемија, таму решавав задачи и проблеми. Имавме селекција теоретски и експериментален дел, кои ги полагавме по пет часови - додава Михаил.
Љубовта, стремежот кон хемијата ги имал како мал уште во основно училиште, а оваа наука била негова желба, имал интерес кон неа. На прашањето каде се гледа во иднина, кратко одговори ,,како научник,,. Тоа што на часовите слуша лекции кои одамна ги надминал, вели дека ја надминува со практичната настава но и со помош кон соучениците. Во слободно време, кога не е посветен на науката, - посветен е на велосипедот. Михаил Трајков е штипјанец кој секојдневно патува до Велес на училиште, автобус, такси, со автомобил со мајка му.
Ако живеам во Велес, во интернат ќе немам време за експерименти дома, во домашната лабараторија - објасни Трајков. Нему и на останатите тројца учесници од Македонија, авио билетот и престојот таму во Санкт Петерсбург им ги платил Сергеј Баздникин, рускиот амбасдор во Скопје.
Во двегодишна средношколска училишна кариера Трајков ги освоено следните награди: прво и трето место на Месец на наука, на Сојузот на пририодни науки, трето место на државен натпревар, на Народна техника прво место за примената неорганска хемија - добивање и прием на соли во секојдневен живот и индустрија, лани прогласен за најдобар ученик на Општина Велес.
Михаил е роден научник, континуирано истражува, работи, еспериментира. Родителите му се крајно посветени нему. Има високи квалитети, натпросечни за негова возраст - кажа професорката Снежана Хаџиева негов ментор.
Tweet |