Петар Печков
Објавено: петок, 05 февруари 2016
Десет ученици од 3 одделение, од подрачното училиште во Превалец на ООУ Васил Главинов се наградени на меѓународен конкурс за поетски творби под наслов „Замокот на Дуино“во италијанскиот град Трст. На овој конкурс тие се претставиле со изработена книга со стихови на тема „Природа“ а под менторство на наставничката Лила Арсова.
Стиховите во книгата се напишани на македонски јазик а нивната наставничка по англиски јазик Елена Трајкова истите им ги превела на англиски јазик. Наградите свечено ќе се доделат на 20 март во Трст Италија. Од Македонија, наградени се и ученици од Кочани од ООУ „Никола Карев“ На овој меѓународен конкурс учествуваат десетици земји од целиот свет во неколку категории. Учениците од Превалец се наградени во категорија Училишни -проекти .
Tweet |