Петар Печков
Објавено: вторник, 12 април 2016
Од дворот на ОУ Блаже Конески украдени се садниците засадени во рамките на пролетната акција. Тоа се случило на 8-ми април околу 20,45 ч. кога од задната страна, на патот кој води кон Болница, сограѓанка ги откорнала трите сандици, си ги земала и си заминала. Истите биле донација од ЕД Вила Зора.
Слично нешто се случило и пред Нова година, на истиот простор кгоа повторно три садници зимзелени дрвја, биле во текот на ноќта украдени. О
д училиштето објаснуваат дека иако случаите се документирани преку инсталираниот видео надзор, тие нема да го пријават во велешката полиција.
Дури имаат и снимка кој е сторителот, но се чудат како тоа одделни сограѓани без ни малку срам одземаат дел од иднината на децата, саднци кои токму учениците ги засадиле.
снимките се од видео надзорот на ОУ Блаже Конески
Tweet |