Петар Печков
Објавено: среда, 28 декември 2022
Основното училиште „Васил Главинов“ од Велес, на годишната манифестација на Агенцијата за млади и спорт е прогласено за „НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА“ во земјава.
Списокот на успеси на спортските екипи од училиштето е подолг и тоа ги опфаќа следните: на општинско ниво прво место во сите екипни спортови -кошарка, одбојка, ракомет, фудбал, футсал, кое е потврдени и на регион и во машка и во женска конкуренција.
На државно ниво, екипата во тенис е најдобра, екипата која игра шах е 3-та во Македонија, атлетика е 4-та. Генерацијата девојчиња 6 и 7 одделениево одбојка и футсал е прва. Составот од училиштето е член ан лигата во футсал за девојчиња од 5 одделение каде е освоено трето место. Сите овие активности се прекиу Федерациаја на училиштен спорт на Македонија.
Учениците од ОУ Васил Главинов преку програмата Еразмус + учествувале и на меѓународни спортски активности.
Tweet |