речник контакт

Учениците изработија и поделија новогодишни честитки од рециклирана хартија

Оваа активност е во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”

Петар Печков

Учениците од три училишта од Велес, две основни од ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и средното „Димитрија Чуповски“изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија.

Истите новогодишни честитки ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес и на  минувачите, сè со цел подигнување на свеста и зголемување на знаењето за начинот на рециклирање на хартијата.

Оваа активност е во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”.

Проектот го реализира  Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории“ - Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје и финансиран е од  Европската унија, се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.

 фото Општина Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »