Петар Печков
Објавено: среда, 12 мај 2021
Учениците и професор од Средното училиште „Кочо Рацин“ од Велес, ја примија наградата како победници на онлајн натпреварот „Имам став". Тој беше организиран од Републичкиот Парламент а наградата им ја врачи, претседателот на Собранието Талат Џафери. На натпреварот учествуваа десетина училишта од земјава. Успехот го остварија 21 ученик а поради протоколите со пандемиајта, на свечениот чин присуствуваа учениците Марко Инѓилизов, Матеа Несторова и Емили Митревска и менторката професорката Милка Петровски.
„Во своето однесување младите треба да гледаат подалеку, да го планираат животот и да се вложуваат во тој план, да бидат практични и да ги следат своите желби и својата визија за самите себе. Да го сакаат учењето и работата, затоа што само така, нивните квалитети ќе бидат препознаени“ – порача Џафери при средбата.
Натпреварот „Имам Став“ преставува симулација на законодавниот процес, законодавната постапка, парламентарната дебата и процес на тоа како еден Предлог станува Закон.
Претседателот Џафери им го потенцирал значењето на образованието и како тоа треба да ги формира како личности и дека практичното искуство кое го стекнале во оваа пригода, ќе им придонесе многу, затоа што ќе добијат појасна слика за работата на Собранието и законодавните процеси.
Искажувајќи жалење за тоа каков е ефектот на животот во пандемија за младите во последната година, Џафери изразил и оптимистични гледишта за извесното надминување на оваа состојба, а со тоа и враќање на поголемата слобода на движење на младите луѓе.
Tweet |