Петар Печков
Објавено: среда, 10 јуни 2020
Денес 10-ти јуни, заврши наставата во учебната 2019/20-та година, без вообичаенаа еурофија и разделба. Во велешко тоа е крај за образовниот процес за 6469 ученици од средното и основното образование. Во петте основни училишта во општината настава следеа 4446 основци меѓу нив и 43 деветто одделенци и 2023 ученици од средното образование со 419- матуранти.
Ќе остане забележано дека наставата за првпат се одвиваше во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со корона вирусот.
Наставата три месеци се изведуваше од далечина и онлајн, а со владините уредби со законска сила се овозможи и правна основа е-наставата до крајот на учебната година да се смета за формална т.е. соодветна замена на класичната настава во училиштата.
Tweet |