речник контакт

Учениците на распуст, грипот стивнува 210 болни

И натаму висок број на болни од овчи сипаници 190 лица

Петар Печков

Во Новата година осетно е намален бројот на болни од грип, но сепак станува збор за висока бројка. Во Велес, според Центарот за Јавно здравје, матичните доктори во периодот од 2-ри до 8-ми јануари,  пријавиле  заболени 210 лица.  Тоа е осетно помалку од последната недела на 20-16-тата кога имаше дури 1.122 болни од грип.  

Ова опаѓање доаѓа откако започна зимскиот распуст.  Некои од стручните  лица од Институтот за јавно здравје на Македонија стравуваат дека пик е можен во февруари, кога децата ќе тргнат на училиште повторно.

Вообичаено минатите години највисок број на болни во Велес, имаше во месеците февруари и март.  Кај заболените  доминира инфлуенца  од ,,А,, типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2).  

 Во декември имаше и голем  број на заболени од овча сипаница. Во Центарот за Јавно здравје Велес  регистрирани биле дури 190 лица.

Од тоа најголем број се деца  кои посетуваат градинки па потоа деца кои посетуваат настава  од училиштата.   Бројот на болни од овча сипаница беше во постојан прост во септември 46, во октомври 114, во ноември  140.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »