речник контакт

Учениците на распуст до понеделник

Согласно мерките за заштеда на електрична енергија, општината реши да го продолжи принудниот распуст на учениците до крајот на оваа седмица

Петар Печков

    Општина Велес  за уште два дена го продолжи принудниот зимски распуст за 7,5 илјади ученици во основното и средното образование. Причина за ваката одлука на локалните власти е студот и лошите услови на патиштата. Од понеделник   20 февруари, сите ученици тргнуваат на настава.

Согласно мерките за заштеда на електрична енергија, општината реши да го продолжи принудниот распуст на учениците до крајот на оваа седмица. Мораме да обезбедиме нормални услови за следење на наставата на децата. Поради екстремно ниските температури и најавата за нови снежни врнежи, прекинот на наставата продолжува и во деновите 16 и 17 февруари, четврток и петок – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.

Во четирите средни училишта се школуваат и ученици од соседните општини Лозово,  Градско и Чашка, каде поради снегот сообраќајот се одвива отежнато и тие не се во можност да допатуваат до Велес. Изгубените  наставни денови и часови ќе бидат надоместени во наредниот период во договор со Министерството за образование и наука. Учениците во Велес на принуден распуст се од минатиот четврток.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »