Петар Печков
Објавено: четврток, 14 март 2019
Продолжениот зимски распуст, учениците од основните и средни училишта ќе го одработат во март. Ќе учат во саботите на 16 и на 30 март.
Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник, односно вторник. Та тој начин се надоместува пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух учениците имаа продолжен распуст.
Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта е објавен во Службен весник, а информацијата ја потврдија и од Министерството за образование и наука.
Tweet |