речник контакт

Учениците од Блаже Конески во акција Садница плус

Uчениците засадија семки од ела. За нив ќе се грижат три години а потоа истите ќе бидат засадени во училишниот двор

Петар Печков

Учениците од ОУ Блаже Конески уште еднаш докажаа дека имаат високо развиена еколошка свест. Тие денес, 26 мај се вклучија во проектот   ,, Садница +“,во рамките програмата ,,Ден на дрвото“.  

Под раковдство на одговорниот наставник за реализација на еколошка програма Славица Петрова, учениците засадија семки од ела. За нив ќе се грижат три години  а потоа истите ќе бидат засадени во училишниот двор. 

Целта на проектот е кај учениците да се развива еко  кулутрата и еко патриотизмот од најмали нозе, да ја всадиме љубовта и грижата кон зеленилото - изјави наставничката Петрова.  Оваа акција беше спроведена со помош на локалната власт и ЕД Вила Зора од Велес. 

Истата се спроведе во  сите општински основни училишта во Велес и во Детската градинка „Димче Мирчев“ во која учениците извршија посадување на семенски материјал – семе од ела.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »