Петар Печков
Објавено: среда, 22 мај 2019
Учениците од Гимназијата Кочо Рацин се победници на општинскиот натпревар во прва помош, додека во основните победник е Св. Кирил и Методиј. На натпреварот учествуваа по четири екипи од средните и основните училишта.
Тие се натпреваруваа на три пунктови на кои имаше поставено осум супозиции за пружање на прва помош во различни ситуации. Републичкиот натпревар ќе се одржи во трета седмица од септември во Битола и на него учествува само победникот од средните училишта, во случајот тоа се гимназијалците.
Општинскиот натпревар по прва помош се одржа во Младинскиот парк и беше 45 по ред. Оценките ги даваа доктори -волонтери, членови на комисијата при Црвениот крст од Велес, која беше организатор.
Tweet |