Петар Печков
Објавено: недела, 28 мај 2017
Од понеделник во Кочани започнува 53-тото издание на Драмскиот аматерски фестивал, кој се одржува во Кочани. Меѓу 13-те претстави кои се во конкуренција се најде и една велешка, подготвена од учениците од ОУ ,, Стојан Буречвски Буридан,,. Тие ќе учествуваат со претставата ,,Алица во земјата на чудата,, од Луси Керол.
Во претставата настапуваат: Бојана Спасовска, Стефанија Јакимовска, Марта Величкова, Моника Антиќ, Александра Тасевски, Деспина Миланова, Матеј Китановски, Викторија Николова, Валетин Трајковиќ, Тања Митковска, Марија Ивановска, Дарио Младеновиќ, Александра Ангеловиќ, Билјана Коцевска Трипуновска, Тања Ивановска, Снежана Балов, Панче Бошков. Сценографијата и костимите се на Снежана Балова и Весна Христовска, додека музиката е на Трајче Малинов.
Драмската секција од училиштето претставата ја изведува под режија и адаптација на Наташа Брезовска - Богоевска. Настапуваат в среда напладне, со почеток во 12ч. Изборот нa преставите во официјална конкуренција бил од страна на Дарко Јан Спасов.
Tweet |