Петар Печков
Објавено: петок, 18 септември 2015
Полските ученици од Новогард, заедно со нивните домаќини од Велес, од Коле Неделковски создадоа бројни мозаици. Тие се резултат на нивната заедничка работа, со која го покажаа заедничкото пријателство, кое изминатите години повеќе пати се покажа на дело.
Гостите од Полска од училиштето Станислав Стажица, триесетина ученици, заеднички со домаќините трпеливо ги создаваа мозаиците, кои ќе останат во Велес, како резултат на нивната заедничка работа.
Гостите од збратименото училиште преку овој престој тука, се запознаваат со нашата култура,традиција. како дел од неа се и мозаиците. Познати се тие од Стоби од Хераклеа, така што решивме и ние да создадеме мозаик, заедно учениците од двете училишта. Мотивот на сите мозаици се риби, кои се чест мотив на македонските мозаици. Ги има и по црквите, како христијански симбол - рече Боби Стојанов професор по ликовна уметност .
Создадени се десет одделени мозаици, кои потоа ќе се вклопат заедно и во дворот од училиштето Коле Неделковски да се изгради фонтана. На учениците не им беше тешкотија да ги создадат мозаиците, така се дружеа, зближуваа.
Tweet |