Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 април 2014
На петтиот меѓународен конкурс за компјутерски цртежи и колажи кои се одржува во Хасково Бугарија, повторно награди за учениците од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари. Во категоријата цртежи на возраст од 8 до 10 години златен медал освои АЛДИНА ШАТАРА, сребрен медал за Аделиса Кицара а бронзен медал за Амра Кицара и Петар Иванов. Во категоријата на возраст до 11 години бронзен медал освои Фахир Леховиќ. Ментор на учениците од Горно Оризари учесници на овој конкурс беше професрката Лила Арсова.
На повеќе ученици им беа доделени и пофалници. На овој конкурс учесниците се од 5 до 27 годишна возраст. Сите тие твореа на тема ,,Творештво без граници,,. Во категоријата компјутерски цртежи имало 1.451 пријавен цртеж од 351 учесник како и 716 колажи од 276 учесници. Организатор е Народната библиотека од Хасково и компјутерската школа Вале.
Tweet |