Петар Печков
Објавено: вторник, 30 декември 2014
Велес со години води еколошка војна со загадувачите на воздухот, почвата и водата, и еколошка војна против несовесните граѓани што не го собираат правилно отпадот, не го селектираат и рециклираат.
Бидејќи навиките се создаваат од најмала возраст, Општина Велес на почетокот на 2014 година во сите училишта и Градинката „Димче Мирчев“ постави контејнери за рециклирање на отпадот за на крајот на годината најуспешниот биде и награден.
Комисијата врз основа на критериумите, пристигнатата документација и доказниот материјал констатирала дека во 2014 година, во воспитно -образовните установи на територијата на Општина Велес собрани се вкупно 8046 кг. отпад за рециклирање или 1,35кг. по ученик.
Признание за Најуспешно училиште доби ОУ Св. Кирил и Методиј, чии ученици имаат собрано имаат 1015 кг. хартија и 759 кг. пластика, вкупно 1774 кг. отпад за рециклирање, на 598 ученици просек 2,97 кг. по ученик. Најдобро одделение кај нив е 2-б. Честитки за покажаната еколошка свест, со мотивација за подобри резултати во следната година.
Tweet |