речник контакт

Учениците од Превалец повторно со награди во Хасково

Нивните компјутерски цртежи беа вреднувани од жирито

Петар Печков

Учениците од подрачното училиште во Превалец  при  ООУ „Васил Главинов“ се наградени на  Седмиот меѓународен конкурс за компјутерски цртеж во Хасково Бугарија.

Тие користејки го компјутерот како средство  за цртање, во програмата Gnu paint, направија прекрасни цртежи и се закиитија со медалји.  Златен медал доби  Елена Тосева, сребрен медал за Јасминка Јовановска и Матеа Митиќ. Пофалници добија Мери Илијевска, Румена Грујова и Кристијан Димов.

Учеството на конкурсот беше  под менторство на наставничката Лила Арсова. Учениците и наставничката присуствуваа на свеченото отворање на изложбата и церемонијата на доделувањето на наградите од Седмиот меѓународен конкурс за компјутерски цртеж и колаж "Креативност без граници" Хасково 2016, кој се организира од Фондацијата Еурека, ОНЧ "огномет-1858" и компјутерската школа "Вале" – Хасково под покровителство на Европратеникот Марија Габриелод.  

Со помош од  градоначалникот Чадиев  и Општина Велес учениците имаа прекрасна можност да бидат дел од настанот на доделување на наградите. На  натпреварот учествувале: 1032 цртежи од 552 учесници, 692 колажи од 382 учесници и 301 дела од странство од 151 учесници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »