Петар Печков
Објавено: сабота, 29 април 2017
На осмиот меѓународен конкурс за компјутерски цртеж и колаж „ Творештво без граници“ Хасково 2017 година учествувале 786 цртежи од 786 учесници, 512 колажи и 328 учесници од странство.
Учениците од ООУ„ Васил Главинов,, објект 2 во населба Превалец со нивниот ментор наставничката Лила Арсова повторно, како и минатите години се закитија со медали!
Категорија цртежи од 8 до 10 години златен медал освои Елена Жарко Тосева , додека сребрен Анамарија Костовска, додека пофалница доби Антонио Златко Станковски.
Во четвртата група за возраст од 11- 12години златен медал освои Ана Робертино Костовска а сребрен медал Јасминка Николова.
Tweet |