Петар Печков
Објавено: сабота, 13 февруари 2010
Повеќе стотина ученици од средното хемиско училиште Димитрие Чуповски од Велес вчера претпладне протестираа и не посетуваа настава неколку часа. Тие на тој начин го искажаа нивното незадоволство што двајца нивни омилени професори повеќе немало да им предаваат. Станува збор за професори кои работеле пет години во училиштето по договор на дело, кој сега не бил продолжен.
- Овие двајца професори се најдобрите во школото. Има далеку послаби, кои ниту ни даваат знаење, ниту реално не оценуваат, но за нив нема проблем. Дали е во ред двајцата професори да на доаѓаат на работа на три месеци пред крај на учебна година. Кога ќе најдат нови, кога ќе успеат да не оценат какви ученици сме – велат учениците од УСО Димитрие Чуповски. Тие потсетуваат дека и двајцата професори биле млади родители, кои имале и мали деца, а сега ќе останеле на улица.
Директорката на училиштето, Виолета Јовева, вели дека таа постапила согласно законските решенија и за нејзината одлука ќе решава надлежниот просветен инспектор, доколку некој се жали и смета дека е неправедно отпуштен. Учениците најавуват дека протестите ќе ги продолжат ако од понедленик двајцата професори не дошле на настава.
Tweet |