речник контакт

Учениците од Хемиска со нови производи за домаќинство

Средношколците од Хемиското училиште „Димитрие Чупоски“ промовираа нови производи, дел од асортиманот на нивната реалната компанија „Хем-ко“.

Петар Печков

Средношколците од Хемиското училиште „Димитрие Чупоски“ промовираа нови производи, дел од асортиманот на нивната реалната компанија „Хем-ко“. Од неодамна тие произведуват течен сапун, раствор за чистење стакло и течен детергент за садови.

\"\"

- Со овие хигиенски средства ја надополнивме нашата палета на производи. Со вкупно петте производи, дело на учениците, го освојуваме пазарот во градот и земјава. Очекуваме пред се училиштата во Македонија да ги прифатат нашите производи бидејќи тие имаат одлична цена и проверен квалитет. Преку работата во оваа реална компанија, учениците ја продобруваат нивната вештина  и пракса воедно учат како да водат сопствен бизнис во иднина, кога ќе го завршат школувањето – вели Маја Хеско, директорка на ССОУ Димитрие Чупоски.

Во реалната компанија вклучени се ученици од прва до четврта година, со нивно учество во производство, маркетинг, пронаоѓање пазар до дизајнирањето на производите. Досега тие со успех произведуваа дестилирана вода и солна киселина за домаќинството, кои купувачите одлично ги прифатија.

\"\"

Неодамна на Образовниот саем на средни училиште МАССУМ, компанијата „Хем-ко“ со нивната палета производи го освои третото место и  бронзениот медал во конкуренција на 50 училишта од Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »