Петар Печков
Објавено: вторник, 11 септември 2012
. Министерот за образование и наука Панче Кралев го пушти во употреба новоизграденото основно подрачно училиште „Лирија“ во Горно Врановци во општина Чашка.
За изградба на новиот училиштен објект МОН обезбеди 3 милиони денари, а општина Чашка учествуваше со 590.000 денари. Училиштето има површина од 120 метри квадратни, со приземје и кат. Има училници, канцеларија за наставници, санитарни јазли, остава, кујна и соби за престој за наставниците кои патуваат од други општини. Во новото училиште ќе учат 23 ученици во две комбинирани паралелки и ќе престојуваат двајца наставници.
Во ова населено место досега не постоеше соодветен училиштен објект, а наставата се одвиваше во мала барака. Токму затоа, изградбата на ова училиште е од уште поголемо значење и претставува дел од заложбите на Владата и Министерството за образование и наука за подобрување на условите за изведување на воспитно - образовниот процес во сите училишта низ земјава, изјави министерот Кралев.
На иницијатива на Владата на Република Македонија и во соработка со Министерството за образование и наука и локалните самоуправи почна реализација на проектот „Изградба на 20 нови училишта во руралните средини“
Tweet |