Петар Печков
Објавено: вторник, 28 април 2026
Се одржа 49 Општински натпревар по прва помош, на кој учествуваа екипи од сите основни и средни училишта во градот. Локацијата беше поливалентниот простор од ОУ „Блаже Конески“. Најдобри резултати од средните училишта постигна екипата од „Димитрија Чуповски“, додека од основните училишта најдобра беше екипата од „Васил Главинов“.
„Екипите, составени од по шест ученици, ги покажаа своите знаења и практични вештини на три пунктови, каде што се соочија со различни симулирани повреди. Нивната работа беше внимателно следена и оценувана од страна на судии со богато искуство во областа на првата помош. Според постигнатите резултати и начинот на изведба, може да се заклучи дека учесниците оваа година демонстрираа високо ниво на подготвеност, сигурност и тимска работа, со што уште еднаш ја истакнаа важноста на првата помош“ – соопштија од ОО Црвен крст на Велес.
Покрај натпреварувачкиот дел, беа поставени и пунктови со забавни активности и дисеминација за Црвениот крст.
Регионалниот натпревар за прва помош каде ќе учествува победничката екипа на „Димитрија Чуповски“ ќе се одржи во Кисела Вода – Скопје а вториот во Прилеп на 16 мај. Првите пет екипи од двата натпpeвaри ќе учествуваат на завршниот државен. Ова се однесува само на екипите од средните училиште, основните не учествуваат на повисоко ниво натпревари.
| Tweet |










