речник контакт

Учениците од утре петок повторно во училиште, штрајкот на просветарите ставен во мирување

Продолжува штрајкот на матичарите, одложен протестот на судиите

Петар Печков

Учениците од утре, петок се враќаат во школските клупи., откако штрајкот на просветните работници е ставен во мирување.  Ваквата одлука на Советот на Синдикатот доаѓа по добиено известување од Министерството за образование и наука со кое почнува постапка за помирување.

„До министерството за труд и социјална политика е доставено известување од Министерството за образование за пристапување кон мирно решавање на мирно решавање на проблемот со СОНК.    Согласно Законот за мирно решавање на работните спорови , Министерството за труд и социјална политика по службена должност започнува постапка за  помирување. Согласно ова Советот на СОНК  го анализираше Законот за мирно решавање и бидејќи сме легалисти за почитување на законите, на спорот помеѓу двата спротивставени табори, штрајкот треба да се стави во мирување. извршени се повеќе консултации со правници, адвокати , судии и мораме да го ставиме штрајкот во мирување“ - кажа Јаким  Неделков претседател на СОНК.

Рокот за преговарање е 20 дена, во кој треба да се решат барањата. Неделков кажа ако не се решат нивните барања по тој рок, штрајкот ќе продолжи.  Од средата беше прекинат штрајкот на вработените во детските градинки.

Продолжува  штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени не работат додека не им се покачат платите. Како што велат од Независниот синдикат за водење на матични книги се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд. 500 вработени кои не примаат странки, не издаваат документи, бараат да се донесе нов колективен договор за нив, со кој платите ќе им бидат повисоки за 30 проценти.

Предупредувачкиот протест, на Здружението на судии, најавен за денес, 28 април, се пролонгира од причина што од Владата биле преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто. Од  Здружението на судии очекуваат дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »