речник контакт

Учениците од четврта година средно во Велес, собраа 119 крвни единици

Од годинава крв може да даруваат само ученици со наполнети 18 години

Петар Печков

Во четири крводарителски акции на учениците од четврта година во средните училишта во градот,се  собраа 119 крвни единици. Од нив девојки се 56 а прв пат дарувале 50 ученици.   

28 март       Јовче Тесличков     19,      машки  12, женски  7, првидарувања 9 

3 април       Димитрија Чуповски  32      машки   2,женски 30, првидарувања 11 

12 април     Гимназија Кочо Рацин    38     машки 21, женски 17, првидарувања 17

22 април     Коле Неделковски   30      машки  28, женски 2 прводарувања 13

За илустрација во ланската пролетна акција организирана во средните училишта  биле собрани 169 додека во есенската 153 крвни единици. 

Од годинава не смеат да даваат лицата помали од 18 години. До лани даваа и со 17 и пол години  со претходна согласност потпишана од нивните родители. Сега целната група ни е помала бидејќи смеат да даваат само средношколците од четврта година и тоа не сите. Претходно даваа сите од четврта и дел од трета година - информираа од Општинскиот Црвен крст кој беше организатор на овие крводарителски акции. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »