Петар Печков
Објавено: вторник, 04 април 2017
Учениците од основните и средни училишта од Велес се собраа на завршниот настан од меѓуетничката интеграција и толеранција. Се што работеа изминатата учебна година, тие покажаа на едно место,заеднички пред останатите ученици.
На штандовите беа понудени изработените презентации од активностите кои ги реализирале од проектот ,,Меѓуетничка интеграција во образованието,, Домаќин беше СОУ ,,Коле Неделковски,, кое е вклучено во овој проект четврта година по ред.
Целта на проектот е учениците од различна етничка припадност да се дружат и меѓусебно запознаваат, преку културата, обичаите, како со своите така и на другите етнички заедници - рече Мира Ташкова, координатор на тимот за меѓуетничка интеграција во образованието во СОУ Коле Неделкоски.
Присутните можеа да видат домашни специјалитети, храна, народни носии од различни националности, потоа фотографии документи од реализираните активности. Тука беа и честитки за различни верски празници за различни вери, изработени за овие пригоди.
За музичката придружба беше задолжен етно сосавот ,,Разбој,, кој повеќе години работи во СОУ ,,Коле Неделвковски,, под водство на проф. Гоце Алексовски
Tweet |