речник контакт

Учениците со попречености од велешките средни училишта имаат лични асистенти, наспроти учениците од земјава

Личните асистенти се ангажирани преку проект за општествено корисна работа на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Велес

Петар Печков

Учениците со попречености од средното образование во Велес, имаат лични асистенти во оваа учебна година 2022.232 година, наспроти состојбата во земјава каде  средношколците со атипичен развој кои се школуваат во редовни училишта и оваа учебна година извисија и останаа без образовни асистенти. Преку општествено корисна работа тие лица се исплаќаат преку проект на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Велес.
 
„Минатата година на јавниот повик имаше пријавено и прифатено четири лица, годинава три. Тие се ученици од две средни училишта од градот,  во „Коле Неделковски“и „Димитрија Чуповски“ - кажа Верица   Тодоровска Дацева раководител на одделение.  Било понуден личен асистент и за едно друго училиште, но родителите не прифатиле нивното дете да има образовен асистент.  

Овие лични асистенти добиваат паричен надоместок во висина од 9 илјади денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Бидејќи во законот за средно образование, кој не е сменет, како што се направи со Законот за основно образование,  не е дефинирано кој ја обезбедува поддршката на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во средните училишта, општината преку проектот за општествено корисна работа, овозможува поддршка на овие ученици со попречености, инклузирани во средните општински училишта.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »