Петар Печков
Објавено: четврток, 23 октомври 2014
Историчарите со нови информации, дека велешани масовно се одѕвале во Балканските војни особено во Првата, а биле мобилизирани во деветтата доброволна дружина. Тие најавија и книга во која ќе се прикажат сите нивни борби во 1912-тата година, кога 848 лица од велешко се бореле во Тракиско. За прв пат објавено и знамето на четата кое се бореле.
Велешани масовно се одѕвале за учество во Балканските војни, поготово во Првата. Биле имобилизацијата во Деветтата Ополченска доброволечка дружина која броела 15 дружини . За жал, наместо тука тие војувала во Одринско- Тракиско со 848 доброволци од велешкиот крај. Зачувани се документите од таа дружина , а тоа наскоро и велешката и македонската јавност ќе го види во една публикација што ја подгорувам заедно со колегата Зоран Тодоровски. Тоа е преку записи на мајор Дарвинков родум од Кукуш. Тоа е бугарска книга, која ние ја преведовме на македонски . Во неа ги има сите велешани кои учествувале со име и презиме, кој погнале, кои биле ранети. За жал, сите тие како доброволци, како и останатите Македонци се водат како Бугари, Срби, Грци, немаат свој гроб, немаат свој идентитет - изјави проф. Трајановски.
Овие нови моменти, досега непознати двајцата автори го пронашле истражувајќи во архивите во Велико Трново и Софија во Бугарија, во Москва и Париз.
Tweet |