Петар Печков
Објавено: четврток, 17 септември 2026
Започна распределбата на повеќе од четири илјади училиштни униформи за учениците од основното образование во велешко. Во текот на вчерашниот ден беа поделени во ОУ Блаже Конески и ОУ Васил Главинов, соопштија од локалната власт. Распределбата продолжува и во другите пет основни училишта на територијата на Општина Велес. Истите се бесплатни за децата, набавени со средства од општинскиот Буџет.
„Учениците од прво до деветто одделение ќе добијат унифицирани ученички униформи, по три или четири за дете. Сакав ова да се воведе порано, но во општината имаше други приоритети. Од почетокот на учебната 2026/27 година, сите ученици, во сите основни училишта ќе добијат униформи. Тоа беше и барање на голем број родители“ – кажа градоначалникот Марко Колев, кога на почетокот од годинава го најави овој проект.
Со оваа мерка се намалуваат финансиските трошоци за семејствата и се создават еднакви услови за образование, дополнително се влијае и на намалување на врсничката поделба и насилство по овој основ.
Секој ученик добива два маици на кратки ракави, една на долги и еден дуксер Претходно секој ученик доставил мерки, врз основа на кои се доделни по три комплети училиштна униформа за секој ученик.
фото Општина Велес
| Tweet |





