Петар Печков
Објавено: вторник, 16 ноември 2010
Семејните авантури на семејството Учутмови од Мелес е темата на хумористичната серија која во производство на радио 5ФМ ќе можете да ја слушате наскоро.
Ристо и Трајанка Учутмови имаат желба нивниот татко односно свекор Лефко Волот да добие спомен обележје во родниот град и за тоа ја користат скорешната изборна кампања. Двајцата лути кандидати на нашите и нивните, Ветров и Котевски, заедно со мноштвото локални ликови, авторитетот Кадиев, претставникот на УПЛАВ Прстиќ, шармантната новинарка Краснца Лепотиќ, и дузина други ќе ве насмеат до солзи.
Емисијата со првата епизода, во траење од 15-тина минути, ќе започне да се емитува в четврток во 15,20 а репризата е следниот ден петок, во утринската програма после 10 часот. Во првата епизода ќе се делат годишните награди дај ми на ти..
Авторите на сценариото велат дека секое препознавање со ликовите и состојбата е чиста случајност.
Tweet |