речник контакт

Уште две починати пациентки од Велес, од последиците на ковид-19

Нови шест случаи на позитивни на корона вирусот а во Болница е згрижен 31 пациент

Петар Печков

Изминатото деноноќие починати се две пациентки од Велес, кои се лекувале во Инфективното одделение од велешка Болница. Од таму дополнија дека едната е на 71 годишна возраст а втората е на 80 годишна возраст и двете позитивни, со повеќе коморбидитети.  Со ова бројот на жртвите како последица на корона вирусот во велешко достигна од  273 лица.

Изминатите 24 часа во велешко има шест  ново заразени со ковид-19 додека оздравени се осум, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 173 лица.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 31 пациент,  еден помалку од вчера.  Од нив 19се потврдени позитивни  со ПЦР тест, по еден е непотврден и 11 се  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примен е еден   нов случај, нема  испишани како оздравени. На  континуирана кислородна поддршка се 19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 24 пациенти и седуммина  се  на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »