Петар Печков
Објавено: сабота, 20 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, сабота во велешко има 10 лица ново заразени со ковид-19, а осум се оздравени. Активни се 238 случаи а досега се заразиле 3.349 лица.
Во текот на вчерашниот ден починатa е пациентка на 84 годишна возраст, од Велес, позитивна на ковид-19, лекувана на инфективно одделение 6 дена. Тоа е 110-тата жртва од ковид заразата, во велешко.
Во велешка Болница се хоспитализирани 27 пациенти, од кои 22 се потврдени позитивни, еден е сомнителен и четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум лица. На Инфективно одделение се сместени 24 а на Интерно тројца пациенти. Испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |