речник контакт

Уште еден Мовембар во Велес, годинава по шести пат

Градиме стил,поддржуваме, ја менуваме сликата и ги тргаме предрасудите за машкото здравје-објаснуваат организаторите

Петар Печков

Со свечено забричување на крајот од октомври, во Паб започна уше едно ноемвриско дружење Мовембар Велес, годинава по шести пат. Група млади ентузијасти од градот така ја започнаа кампањата за подигање на свеста кај машката популација, со носење на мустаќи.

И овој ноември тие преку различни форми на активности ќе се дружат, забавуваат  и пред се ќе се борат со предрасудите  за рано откривање на т.н. машки болести -рак на тестиси и рак на простата. 

Со оваа наша акција, со купување  маичка мовембар, донираме, градиме стил, поддржуваме,. ја менуваме сликата и ги тргаме предрасудите за машкото здравје. Movember има за цел да се зголеми  раното откривање на ракот,  негова дијагноза и ефикасни третмани  со што на крајот ќе се намали бројот на случаи и да  се  спречат  тие да завршат смртно. Покрај одењето  на годишен преглед, ги поттикнуваме мажите да бидат свесни за поздрав начин на живот . - велат организаторите.  

Веќе од понеделникот во Паб се наоѓа каса за собирање на донации а средствата ќе бидат доделени на сограѓанин кому му требаат. Се продаваат и маички со логото на годинашниот Мовембар, како и правилата кој мустаќ   како може да се пушти. На крајот од месецот на завршната забава вообичаениот т.н. симпозиум ќе биде избран нај мустаќ и мустаќ во обид .    

Годишното мото е: 

Мовембар почна, негујте ги Мустаќите

Погалете ги Ташаците, донирајте За Курово здравје се работи! 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »