речник контакт

Уште еден моторист со тешки повреди, откако паднал на железнички премин

Поради специфичнаа повреда, мотористот препратен на Клинички во Скопје

Петар Печков

Вторникот на пладне, моторист паднал и тешко се повредил. Инцидентот се случил на железничкиот премин за Дворови, во правец од центар.

На 2-ти јуни околу 13.15 часот на ул.„Никола Оровчанец“ во Велес, на преминот преку железничката пруга Велес-Градско, А.Б.(51) од Велес, управувајќи мопед „џенерик хор“ со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди - информираше Верољуб Додевски, протпарол на СВР Велес.

Интервенирала екипа на Брзата помош, извршила имобилизација на повредниот, дала прва помош  и го префрлила на хируршка амбуланта, од велешка Болница.

Кај повредениот е констатирана отворена скршеница на десна надлактица поради што е препратен на клиника во Скопје -рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол  на Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »