речник контакт

Уште еден напад на вработена во продавница, удирана со метла

Инцидентот се случил во вторникот претпладне,пред продажен објект на ул. Благој Ѓорев

Петар Печков

Нов напад на вработена во маркет, од страна на потрошувач. Настанот се случил вчера, вторник претпладне. Според очевидци, инцидентот се случил додека вработена со метла чистела пред објектот, мажот ја земал метлата и почнал со неа да ја мава. Велешката полиција со информација за настанот, за кој ќе истражува како и зошто се случил..

„На 23-ти февруиаљри во СВР Велес е пријавено дека околу 09.50 часот на ул. „Благој Ѓорев“ во Велес, пред продажен објект, вработената А.Д.(34) била физички нападната од К.С.(68)„- соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Додава дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. За потсетување пред десетина дена, касиерка доби шамарница, од незадоволен купувач, поради недоразбирање за невратен кусур. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »