Петар Печков
Објавено: четврток, 17 септември 2020
Нов случај на ковид-19 во образованието во Велес, заразена е професорка од Хемиското училиште Димитрија Чуповски. Според епидемиолозите таа е на домашно лекување и не покажувала симптоми, нема ниту колеги на кои им е одредена изолација.
Случајот е од пред некој ден, пациентот бил на работа само еден ден, потоа бил дома. Нема лица кои се во изолација, оти кога била на работа немала контакт, според епидемиолошката анкета. Не може ниту да прецизира од кого се заразила. Таа е на домашно лекување, без некој сериозни симптоми - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Вчера имаше друг случај на позитивен просветен работник, во ОУ Васил Главинов, каде поради контакти со колегите, десет наставници се во изолација.
Tweet |