Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јуни 2020
Нов случај на позитивен со ковид-19 од велешко Бузалково, пети по ред од оваа населба за десетина дена. Како оздравени се водат две лица, кои се веќе дома. Во велешко има активни 29 случаи, досега оздравени се 115 а заразени вкупно лица.
Има нов позитивен случај, жена од Бузалково, која е веќе хоспитализирана на Инфективно одделение и таму ги чекала резултатите. Имаме две оздравени лица, едното било сместено на Инфективна клиника во Скопје а второто е медицинска сестра од приватното здравство која беше во домашен карантин - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
На Инфективното одделение од велешка Болница има 14 пациенти, соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, од нив 12 се потврдено позитивни и за две лица се чекаат резултати. На домашно лекување се 13 пациенти позитивни на ковид-19, едно е на Инфективна клиника и две на ГОБ 8-ми Септември во Скопје а едно е во државен карантин, повратник од странство.
Tweet |