Петар Печков
Објавено: четврток, 20 април 2023
Оваа седмица една филмска премиера и други четири филмови се на тековниот репертоар на 3Д киноверзум во Велес.
Премиерно од денес, четврток, се прикажува американскиот хорор филм „Злото мртвите ги воскреснува“. Извртена приказна за две отуѓени сестри чие што повторно обединување е прекинато поради подемот на демони кои ги опседнуваат, втурнувајќи ги во битка за опстанок додека се соочуваат со најкошмарната верзија на семејство што може да се замисли.Филмот ќе биде прикажан уште в недела и вторник. Трајлерот може да предизвика вознемирување.
Xорор комедијата „Ренфилд“. Ренфилд (Николас Хoлт) одлучува да ја напушти својата повеќе вековна работа како служител на грофот Дракула (Николас Кејџ). Тој наоѓа нова можност за живот во денешниот Њу Орлеанс кога ќе се заљуби во жестока, но постојано агресивна сообраќајна полицајка по име Ребека Квинси (Авквафина). Филмот ќе се прикажува петок и понеделник.Филмот во светот во првата недела од прикажувањето помина разочарувачки според посетеноста.
Хоророт трилерот, „Егзорцизмот на Папата“ со Расел Кроу, ќе се прикажува сабота, понеделник и среда. Главниот јунак, како егзорцист треба да го испита случајот со опседнатоста на едно дете и случајно открива повеќевековна тајна што Ватикан очајно се труди да ја крие. Ќе се прикажува, сабота и среда.
Сабота и недела се прикажува Џони Вик 4, новата авантура на Кијану Ривс.Голем хит по светските кина со голема посетеност. Најгледаниот филм во светот изминате две недели е „Супер Марио Брос филм“, работен според истоимената видео игра. Филмот е голем хит и во САД и во светот. Се прикажува секој ден до среда. Ја следи приказната за Супер Марио и Луиџи и нивното патување низ Кралството на Печурките.
Tweet |