Петар Печков
Објавено: петок, 25 март 2011
На седница на Советот на Јавни обвинители по распишаниот конкурс ја избра за јавен обвинител Цветанка Новакова. Таа досега работеше како стручен соработник во Основниот суд во Велес.
Таа е избрана како јавен обвинител кој има завршено академија за обвинители. Новакова е трета обвинителка избрана во последната година во обвинителството во Велес, кое со проширените ингеренции на Основен суд во Велес, има зголемен обем на работа и го покрива целото Повардарие за тешките кривични дела.
Tweet |