Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јуни 2022
Во 25-тото коло од Третата фудбалска лига Југ, во кавадаречко Возарци, екипата на ФК Превалец ја совлада домашната ФК Возарци со 1:6, која е последно пласирана 13-та со само 6 бодови.
По два гола за превалчани постигнале Пеце Стојанов и Бобан Дукадиновски. Ова беше претпоследно коло во ова лига и ФК Превалец останува втор без можност да се искачи или падне од оваа позиција. Во последното коло среда во Превалец гостува екипата на ФК Големо Коњари која е 6-та со 33 бодови.
Tweet |