Петар Печков
Објавено: недела, 09 април 2023
Успешна е денешната крводарителска акција, која ја организираше Мото Клубот „Носачи на крстот’ од Велес, заедно со Општинската организација на Црвениот крст Велес. Собрани се 154 крвни единици, од нив 12 беа дарители за прв пат. Таа се одвиваше во Ликовниот салон.
„Голема благодарност за сите крводарители кои даруваа крв, акцијата ги оправда очекувањата“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.
Ова е третта пролетна акција на крводарување на Мото Клубот „Носачи на крстот’, откако 15 години организираат крводарителска акција за 9 ноември, Денот на Општината.
Tweet |