Петар Печков
Објавено: недела, 11 октомври 2015
Само десетина часа беше со важење рекордот на џиновската пита пастрмалија, која вчера напладне беше промовирана во Велес. Во вечерните часови, маркетите Жито подготвија пастрмалија со идентични димензии како и претходната. Таа се делеше бесплатно за бројните посетители кои дојдоа на Велешката Питијада.
Нашата пита е подготвена со 15 кг месо, 200 јајца, 30 кг брашно. Долга е 3,5 а широка 1 метар. Нејзината подготовка беше со цел да ги изненадиме сограѓаните и тоа е наш подарок за сите гости кои во моментов беа на манифестацијата - изјавија од Жито маркети.
Ако таа пита од вчера се изеде за 15-тина минути аи беше со продажба беше со хуманитарна цел, оваа се раздели за само 10 минути, најверојатно оти беше гратис.
Синоќешниот концерт на хрватскиот Парни Ваљак се одржа под пороен дожд, во временски очајни услови, поради што групата настапи со скратена програма од 70 минути. Но и покрај обилниот дожд имаше бројни посетители на кои времето не им пречеше.
Денес на програмата на Питијадата се Елена Ристевска, Калиопи, ДНК. Поради вчерашниот временски лош ден, организаторите ја продолжија манифестацијата и во понеделник. Организаторот објави дека за два дена на Питијадата се потрошени 21,7 илјади пити а испиено 4,6 илјади литри.
Tweet |