речник контакт

Уште не се поставени сите дела од вајарската работилница во 2020-та иако годинашнава заврши со работа (фото)

Не се поставени и четирите скулптури од ланската работилница, кои се поставуваа вообичаено за Денот на општината 9 Ноември

Петар Печков

И по две години од изработката, две скулптури од работилницата во 2020-та година, не се поставени на јавните површини во Велес, за разлика од  останатите четири,  кои велешани можат да ги видат уште од минатата година..Едната е дело на автор од Бугарија, втората е на велешкиот скулптор Ангел Коруновски.

„За скулптурата „Емпатија’ од Иван Ковачалиев од  Бугарија што треба да се постави во паркот кај Автобуската станица веќе е направена стопата на која треба да се постави склптурата и ќе се постави во најкус можен рок. Скулптурата „Изолација“ од Ангел Коруновски согласно Мислењето од Секторот за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој требаше да се постави во паркот во ООУ„Васил Главинов“. Подоцна е утврдено дека освен што ќе треба да се постави бетонска подлога која ќе зафати голем дел од зеленилото, во тој дел се има прскачи со дополнителни елементи и врз кои не може да се постави таа подлога. Исто така водата од околните прскачи секојдневно ќе ја уништува скулптурата, а истите не може да се дислоцираат затоа што се поврзани во систем“ - велат од локалана власта на поставеното прашање.  

Овие скулптури останува да се постават заедно со делата од работилницата од 2021 година, кои се уште не се поставени а вообичаено тоа се правеше околу 9-ти Ноември, Денот на општината. На ланската работилница  беа изработени четири скулптури.

„Скулптурите од 2021 година се уште не се поставени затоа што со промена на членовите на Советот на Општина Велес требаше да се конституира нов Одбор за подигање на спомен -обележја на територија на Општина Велес. Тој врз основа на мислењето од Секторот за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој   треба да даде позитивно мислење до Советот. Со оглед на тоа што во периодот којшто следи ќе има нови парковски површини се планира истите да бидат разубавени со дел од овие скулптури“ - велат од локалната власт. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »