Петар Печков
Објавено: петок, 15 јули 2016
Велешките игроорци од Фолклорниот ансамбл ,,Вила Зора,, настапија во Шпанија, на два тамошни фолклорни фестивали. Преполни со убави впечатоци и задоволни од тоа што го претставија македонскиот фолклор на Иберискиот полуостров, тие ги прераскажуваат впечатоците од еднонеделниот престој во близина на Барселона.
Настапивме на Фестивалот ,,Алегрија,, кој се одржуваше во гратчето Калела. Имавме четири настапи, тоа се два фестивали, едниот има седум години стаж, вториот шест. Настапивме со ора од Вардарскиот регион – велешки ора и ора од Егејскиот дел. Настапија ветераните, младинскиот и детскиот ансамбл. Одлично не прими публиката, добивме многу аплаузи, им се допаднаа нашите носии – вели Сашко Атанасовски раководител на ФА Вила Зора.
На Фестивалот имало ансамбли од цел свет, Иран, Украина, Полска, Чешка, Франција, Естонија, Австрија, Ерменија, Турција со околу 1,5 илјада учесници, тој е ревијален.
Tweet |