Петар Печков
Објавено: вторник, 21 мај 2019
Во неделата се одигра последното коло од Третата лига Центар. Дербито се играше во Велес, на Градски, каде трето пласираната ФК Бабуна го пречека лидерот ФК Питу Гули. Гостите од Крушево победија со 3:0 (3:0) и не дозволија да бидат симнати од првото место. Доколку победеше домаќинот или играше нерешено, нов првак во оваа конкуренција ќе беше ФК Превалец. Тој дома со 7:3 го совлада седмо пласираниот ФК Марена. Фенерџијата ФК Тополка, кој одамна се збогуваше од оваа лига, дома загуби со 0:3 од осмопласираниот ФК Росоман. По 22 кола ФК Превалец е втор со 54 бода, бод помалку од првакот, ФК Бабуна е трета со 33 бода а ФК Тополка е последна со 11 бода.
Заврши и првенството на Општинската фудбалска лига со одигрување на еден заостанат натпревар ФК Горски -ФК Форца нова кој заврши со победа на новиот првак од 2:1.Требаше да се играат и уште два натпревари ФК Илинден - ФК Горски и ФК Мартолци - ФК Илинден БС , но според управата на ФК Илинден БС, противниците се откажале а па тие ги добиле двете средби со службен резултат 3:0.
Т А Б Е Л А
1. Форца нова 16 13 1 2 34:12 40
2. Мартолци 07 16 10 2 4 50:24 32
3. Илинден БС 16 9 0 7 33:23 27
4. Локомотива 16 8 3 5 32:31 27
5. Башкими 16 6 2 8 21:27 20
6. Младост 16 5 4 7 18:35 19
7. Горски 16 4 3 9 22:30 15
8. Согле 16 4 3 9 25:35 15
9. Интернационал 16 4 0 12 33:47 11
Tweet |